Нов скандал во Русија – ИААФ го суспендира Лисенко од ЕП

Русинот Данил Лисенко, водечки на европската ранг-листа во скок во височина, не ќе може да настапи на Европското првенство што ќе се одржи до 4 до 12 август во Берлин.

Меѓународната атлетска федерација (ИААФ), му го одзеде статусот на неутрален спортист заради нарушување на антидопинг правилата.

Лисенко кој сезонава има резултат од 2.40 метри, беше еден од 30-те руски атлетичари кои добија право да учествуваат на ЕП како „неутрални“ спортисти. Но, ИААФ му го одзеде тој статус бидејќи рускиот атлетичар не ги испочитувал правилата и не доставил информации за својата местоположба за претсезонските контроли. Од ИААФ ја известиле Руската атлетска федерација дека Лисено не може да учествува на ЕП во Берлин.

Се вчитува...