Нов скандал во српскиот ракомет – Србите лумпувале на ЕП и предвреме резервирале повратни билети

Бројни скандали ја потресуваа ракометната репрезентација на Србија на јануарското ЕП во Хрватска на кое Србите на крај завршија на 12.место. Во српските медиуми тогаш се појави информација за физичка пресметка во стручното водство, која подоцна беше демантирана. Но, извештајот на селекторот на Србија, Јовица Цветковиќ, за настапот на ЕП поднесе до Српскиот ракометен сојуз, открива нов скандал во српскиот ракомет. Селекторот во извештајот ја посочува недисциплината на играчите.

Како што пренесуваат српските медиуми, главни обвинети во извештајот се репрезентативците Петар Ненадиќ, Дарко Ѓукиќ, Добривое Марковиќ и Немања Зеленовиќ. Меѓу другото,  српските репрезентативци се се обвинети дека за време на ЕП во Хрватска „лумпувале по кафулињата“ , а некои дури и резервирале билети за враќање уште пред третиот натпревар од првата рунда во Сплит.

На непријатните изненадувања им немаше крај. Пред решавачкиот натпревар со Исланд, Петар Ненадиќ преку интервју за данска телевизија се изјасни дека нема повеќе да настапува за репрезентацијата. Истовремено дознав дека седум  играчи резервирале авионски карти за враќање во Белград по првата фаза од ЕП“ – стои во извештајот на селектор Јовица Цветковиќ, пренесен во српските медиуми.

На тоа стигна реакција од споменатите играчи, кои пак тврдат дека тоа што го наведува селекторот во извештајот не е вистина.

Ништо од тоа не е вистина. Јас не излегов ниедна вечер. Тоа може да го потврди мојот цимер Немања Илиќ како и Петар Ненадиќ со кого секоја вечер седев во соба. Ни тој не излегуваше. Вперува прст во нас, а ние бевме најдобри стрелци во квалификациите и ја однесовме Србија на ЕП. Селекторот нека ја покаже таа потврда од хрватската полиција дека не чувале, но сигурен сум дека ја нема“ – вели репрезентативното крило Дарко Ѓукиќ кој своевремено го носеше дресот на Металург.

На ЕП во Хрватска, Србија во шест одиграни натпревари забележа само една победа во првиот круг против Исланд, што и нобезбеди пласман во втората фаза по која на крај завршија на 12.место на шампионатот.

Се вчитува...