Нов скандал во Црна Гора: Голманот на Будуќност нокаутираше соиграч (видео)

Нова неверојатна случка доаѓа од фудбалскиот шампионат на Црна Гора, откако двајца фудбалери на Будуќност физички се пресметаа по ремито на овој тим против Сутјеска (2-2).

Фудбалерите беа на „рапорт“ пред бесните навивачи, Игор Ивановиќ се наоѓаше на работ на шеснаесетникот кога голманот Ѓорѓије Павличиќ налета на него и со сета сила го удри.

„Бев во соблекувалната кога тоа се случи, не видов, но слушнав за инцидентот. Тоа се работи кои ќе ги решаваме внатре во клубот, навистина немам коментар во моментов“, изјави тренерот на Будуќност, Иван Брновиќ, по големиот инцидент.

Се вчитува...