Нов срам на „црвено-црните“: Милан доби добра „шлаканица“ и од Аталанта

Милан доби уште една „шлаканица“ во Серија А сезонава, запишувајќи пораз пред своите навивачи од Аталанта со 0-2 во 18. коло.

„Црвено-црните“ го забележаа и вториот едноподруго пораз. Аталанта победата ја најави со голот на Кристанте во 32. минута од средбата, а во 71. минута конечните 0-2 ги постави Иличиќ.

Со оваа победа Аталанта со 27 бода се проби на шестата позиција на табелата, додека Милан остана на претходните 24 бода, доволни за 10. место.

Се вчитува...