Бомбастичните засилувања на Ливерпул нема да запрат по ангажманите на Флоријан Вирц, Хуго Екитике, Милош Керкез и Џереми Фримпонг, пренесуваат англиските медиуми.
Големата трансфер желба наречена Александер Исак останува приоритет и покрај првичното одбивање на преговори од страна на Њукалс Јунајтед, а тоа е поради големата желба на младиот голгетер ова лето да ја промени средината и тоа не било каде туку да се пресели на „Енфилд“.
Исак веќе го информирал раководството на Њукасл Јунајтед дека нема намера да остане во тимот па и не отпатува со соиграчите на турнејата во Азаија.
Ливерпул ова лето веќе издвои 125 милиони долари за ангажман на Вирц, но реализацијата на трансферот на Исак се очекува да постави нов клупски рекорд и истиот да ја надмине сумата од 150 милиони долари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

