НОВ ТРАНСФЕР РЕКОРД: Палмер за 250 милиони евра заминува од Челси!?

Кол Палмер, англискиот фудбалер кој се наметна како еден од најдобрите на денешницата по трансферот во Челси од Манчестер Сити би можел да се врати онаму од каде што пристигна на „Стемфорд Бриџ“, пренесувааат англиските медиуми.

Манчестер Сити по секоја цена сака да го врати 23-годишниот репрезентативец на Англија во своите редови па е подготвен да издвои и неверојатни 250 милиони евра од кои 200 веднаш би легнале на сметката на Челси, а дополнителни 50 би биле низ одредени бонуси.

Палмер по пристигнувањето на Челси се наметна како незаменлив дел од тимот настапувајќи на 97 натпревари на кои забележа 43 голови и 29 асистенции па во „сините“ редови не постои голема заинтересираност за трансфер на клучниот фудбалер на рекордната сума би можела ја го промени ставот на американскиот бизнисмен Тод Боели.

Се вчитува...