Именувањето на Лиам Росениор за наследник на Енцо Мареска по отказот на италијански стратег не е добро прафатено од стана на фудбалерите на Челси, пренесуваат англиските медиуми.
Дел од фудбалерите јавно ја вреднаа работата на Мареска кој во краток период успеа да го „рехабилитира“ клубот од „Стемфорд Бриџ“ и да му донесе титули во Конференциската лига и на УЕФА Светското клупско првенство, а големо незадоволство посебно постои кај една од најголемите ѕвезди во соствот Енцо Фернандез.
Аргентинецот кој доби голема слобода под водството на Мареска веќе му соопштил на раководството на тимот дека и тој сака да ја промени средината.
Фернандез пристигна во Челси во трансфер вреден 121 милиони евра во јануари 2023 година, а како негова следна дестинација се споменува ПСЖ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

