Нов триумф на Струга Трим Лум

Фудбалерите на Струга Трим Лум се зацврстија на првата позиција на табелата во Втората лига Запад, откако го совладаа тимот на Генч Калемлер на гости со 0-1. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Христијан Драгарски во 72.минута од натпреварот.

Стружани имаа неколку изгледни шанси и претходно да поведат, но нападот затаи, па во помош пристигна дефанзивецот Драгарски.

По 22 одиграни натпревари, Струга Трим Лум со 46 бода се наоѓа на врвот на табелата пред Лабуништа (35), која има и натпревар помалку.

Се вчитува...