Нов циркус во ЛШ: Одложен мечот Веспрем – Нант, едниот судија е позитивен на коронавирус

Ракометната Лига на Шампиони се претвора во фарса, ЕХФ минатата седмица делеше бодови „од ракав“ за неодигрувањето на неколку натпревари поради коронавирус и рестрикции при патувањата на клубовите, но интересно ќе биде да се види каква ќе биде одлуката за денешниот неодигран меч меѓу Веспрем и Нант.

Овде вина нема кај ниту еден од клубовите, бидејќи ракометарите на двата тима излегоа на терен, но непосредно пред почетокот на мечот беа известени дека стартот е одложен бидејќи еден од судиите од Хрватска бил позитивен на коронавирус. Според унгарските медиуми, се прават напори да бидат доведени „резервни судии“, но шансите за вакво нешто се минимални.

Со оглед на последниот рок од ЕХФ дека сите натпревари од групната фаза мора да бидат финиширани до 4 март, простор за маневар не постои, па голема е веројатноста дека овој меч ќе биде регистриран нерешено, како продолжение на „политичките одлуки“ во елитното европско ракометно натпреварување.

Се вчитува...