Нов убедлив триумф на Митревски и Порто во Португалија

Македонскиот ракометен голман Никола Митревски и неговиот Порто стигнаа до нов убедлив триумф во шампионатот на Португалија. Тие во 20. коло од португалскиот шампионат славеа убедливо на гостувањето кај Белененшеш со 27-45.

Уште од самиот старт гостите почнаа да газат и во првите триесет минути успеаја на домаќините да им дадат дури 25 гола и на пауза да заминат со позитива од осум гола (17-25). Во второто полувреме само разликата се зголемуваше за на крајот конечни 27-45.

Со овој триумф Порто се врати на врвот на табелата во Португалија со 55 бода исто колку што има и првиот ривал Спортинг Лисабон.

 

 

Се вчитува...