Нов удар за Барса – Агуеро „во аут“ до ноември

Роналд Куман и Барселона не можат да кренат глава од проблеми пред самиот старт на новата сезона. Лионел Меси дефинитивно нема да го носи дресот на Барса во иднина, а згора на тоа Куман подолго време нема да може да смета ниту на Серхио Агуеро, кој нема да може да дебитира за каталонскиот гигант најмалку до почетокот на месец ноември.

Агуеро потпиша за Барселона како слободен играч од Манчестер Сити, но проблемите со повредите што ги имаше во текот на ланската сезона продолжија и летово. Тој тренираше со намален интензитет во изминатите денови, а откако се пожали на силна болка во десната нога врз аргентинскиот голгетер беа извршени детални прегледи.

Резултатите донесоа кошмар – станува збор за проблем со тетивата поради што се препорачува целосно мирување во наредните два месеци. Дури потоа, на почетокот од месец октомври Агуеро ќе може да почне со тренинзи, а неговиот камбек на терените се очекува во текот на месец ноември.

Се вчитува...