Нов удар за Кил – Ландин мора на операција

Германскиот првак Кил го следат сериозни малери на стартот од новата сезона, откако по тешката повреда на Никола Билик тренерот Јиха сега остана и без помошта на првиот голман Никлас Ландин. Данскиот чувар на мрежата се повредил непосредно пред дуелот со Загреб, а деталните прегледи покажале сериозен проблем со менискусот на коленото.

„Ландин мораше да биде опериран. Проблемот е со менискусот, а првата прогноза е дека ќе паузира меѓу четири и шест седмици“, објавија од лекарскиот тим на „зебрите“.

Кил нема да носи нов голман во наредниот период, што значи дека целиот притисок ќе падне врз Дарио Квенштед, кој бранеше одлично на премиерниот меч од ЛШ против Загреб.

Се вчитува...