Нов удар за ПСЖ – Мбапе пак се повреди

Томас Тухел повторно се соочува со сериозни проблеми околу составот на ПСЖ откако Килијан Мбапе заработил нова повреда поради која нема да може да настапи на утрешниот дуел со Анжер.

„Можам да ви кажам дека тој нема да биде со нас на следниот натпревар. Не станува збор за обновување на истата повреда, туку за нов проблем. Ќе биде потребно време за санирање на повредата, ќе видиме колку долго ќе изнесува паузата“ – изјави тренерот на „светците“ на денешната прес-конференција.

Мбапе одигра 30 минути на последното гостување во ЛШ против Галатасарај, по што повторно почувствувал болка во пределот на мускулот.

Покрај францускиот репрезентативец, Тухел поради повреда за утрешниот меч повторно нема да може да смета ниту на Кавани, Керер и Дракслер.

Се вчитува...