Нов удар за Работнички – се повреди и Крстевски

Кризата во таборот на Работнички се заканува уште повеќе да се продлабочи откако на денешното дерби со МЗТ Скопје повреда заработи и Бојан Крстевски.

Стартниот центар на актуелниот првак настрада во 27. минута, кога по еден дуел под својот кош при доскокот ја нагази ногата на еден противнички играч и остана да лежи во агонија на теренот. На прв поглед станува збор за проблем со скочниот зглоб, што сигурно ќе го оддалечи Крстевски извесно време од терените.

Марин Докузовски до крајот на сезонава не може да смета ниту на Кире Николовски, па тренерот на шампионот на следните средби ќе може да смета само на двајца високи кошаркари, и тоа ветеранот Ѓорѓи Чековски и крилниот центар Марјан Јанески.

Се вчитува...