Нов удар за Реал: Карвахал има срцеви проблеми, ќе мора да одмори од фудбалот

Шпанскиот репрезентативец Дани Карвахал има проблеми со срцето и ќе мора да одмори од фудбалот одреден период. Ова е нов проблем за европскиот првак Реал Мадрид, кој се соочува со голем број повредени и казнети фудбалери на почетокот од оваа сезона и веќе има седум бода негатива во однос на Барселона.

Карвахал заминал на дополнителни медицински прегледи каде му е утврдена аноманија во работата на срцевата мембрана. Лекарите му препорачале строго мирување, па тој ќе мора да го прекине тренажниот процес. Можно е да отсуствува и неколку седмици, при што ќе му биде препишана посебна терапија. Оваа информација официјално ја потврди и клубот, по што јасно е дека Реал Мадрид останува без уште еден значаен првотимец.

„Кралевите“ вечерва на „Сантијаго Бернабеу“ ќе го пречекаат Еспањол.

Се вчитува...