Нов удар за Веспрем: Крај на сезоната за Тенесен

Веспрем прескапо ја плати победата во Скопје над Вардар, откако беше утврдено дека повредата што Кент Робин Тенесен е крајно сериозна. Веднаш по враќањето во Унгарија врз норвешкиот бек биле извршени детални прегледи, по што е утврдено дека станува збор за кинење на тетивата.

„Тенесен веднаш ќе замине за Норвешка, каде врз него ќе биде извршен хируршки зафат. Паузата од терените ќе изнесува најмалку шест месеци“, објавија од раководството на Веспрем.

Оваа повредна значи дека одличниот десен бек нема да може да настапи ниту за својата репрезентација на претстојниот европски шампионат.

Тенесен е третиот ракометар на Веспрем што заработува тешка повреда во последните неколку месеци, по Мате Лекаи и Кентан Мае.

Се вчитува...