Нов успех на мечувалецот Огнен Бундалески

Македонската репрезентација во мечување во состав Петар Србиноски, Огнен Бундалески и Петар Дамјаноски настапи на Европскиот куп за мечувалци до 23 години во Софија во Бугарија.

На купот настапија спортисти од 13 држави. Групната фаза ја поминаа Огнен Бундалески со четири и Петар Србиноски со три победи.

По директните елиминации Петар Србиноски го освои дваесеттото место, додека Огнен  Бундалески го повтори успехот од претходниот Европски куп  пласирајќи се на единаесетото место.

Македонските мечувалци уште еднаш покажаа дека поседуваат завиден квалитет и дека можат рамноправно да се борат со мечувалците од држави кои се светски велесили.

М.М.

Се вчитува...