Нов ВАР-скандал во Италија: Пенал против Јуве ни под разно (видео)

Италијанците воведоа ВАР технологија за да се намалат судиските грешки, но тоа дефинитивно не се случува по најновиот скандал, овојпат на дуелот меѓу Фиорентина и Јувентус со кој повластен беше најтрофејниот италијански клуб.

Имено, главниот судија најпрвин покажа на белата точка поради играње со рака на Кјелини, но по прегледувањето на видео-снимката беше утврдено дека Бенаси се наоѓал во офсајд пред да го упати центаршутот.

Останува нејасно како можеа судиите по бројно прегледување на видео-снимката да покажат офсајд и да го поништат досудениот пенал, а да не забележат дека недозволена позиција не може да има бидејќи Бенаси не беше проигран од свој соиграч, туку топката му ја упати Алекс Сандро.

Се вчитува...