Нова афера во ФИФА: На Инфантино му се заканува затворска казна од четири години!

Врховниот суд на правдата на Бразил ја прогласи за виновна Меѓународната федерација на фудбалски асоцијации (ФИФА) за незаконско користење на спрејови што ги користат судиите при обележување на слободни удари и фаули на теренот.

Револуционерниот изум кој значително ја подобри играта и ја направи поправедна бидејќи нема „крадење метри“ при досудени прекршоци може да им се врати со камата на челниците во ФИФА. Имено, Аргентинецот Пабло Силва, кој е изумител на овој спреј, заедно со неговата партнерка Хаин Алеман, треба да добијат 100 милиони отштета од ФИФА бидејќи незаконски го искористиле неговиот патентиран производ.

Овој спреј беше успешно тестиран во 2007 година во аргентинската втора лига, а потоа стана составен дел од фудбалската игра и судиската опрема. Сепак, спорно беше дека никој не ги почитувал пронаоѓачите за користење на овој патентиран спреј. Затоа и сега е поднесоа тужба, а Врховниот суд на Бразил ја прифатил, што значи дека сега ФИФА ќе биде „олеснета“ за околу сто милиони евра. Дополнително, инволвираните во целиот случај би можеле да сносат големи последици со оглед на тоа дека ваквото прекршување на законот во Бразил значи една до четири години затвор. Меѓу тие луѓе е и првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино.

Според аргентинскиот „Лансион“, Силва и Алеман постигнале договор со тогашните претставници на ФИФА, Хулио Умберто Гордон и Сеп Блатер за продажба на патент вреден 40 милиони долари на крајот од Светското првенство во Бразил во 2014 година. Но, по скандалот „ФИФАгејт“ за корупција во ова тело, поради кој Блатер веднаш беше сменет и суспендиран, ова прашање остана „во воздух“, а спрејот продолжи да се користи низ светот.

Пред СП 2018, бразилскиот суд донесе одлука дека спрејот не може да се користи на тој турнир, но Џани Инфантино беше упорен во намерата и не ги почитуваше законските прописи.

Се вчитува...