Нова „бомба“ – Асенсио им набива комплекс на Тер Штеген и Барса

Марко Асенсио со еврогол стави точка на првиот меч од шпанскиот Суперкуп на „Камп ноу“, а младиот ас на Реал Мадрид продолжи во ист стил и на стартот од реваншот на „Сантијаго Бернабеу“, со ново ремек-дело кревајќи ги на нозе фановите на „кралскиот клуб“.

Се играше четвртата минута кога Асенсио прими топка на триесетина метри од голот на Барса и не размислуваше многу, испрати „бомба“ кон Тер Штеген која заврши во самиот агол, оставајќи го голманот само со поглед да ја проследи како завршува во неговата мрежа.

Marco Asensio Super Goal HD Real Madrid 1 – 0… by MixxiTV1

Се вчитува...