Нова „бомба“: Модриќ и Ракитиќ во „пакет“ од 200 милиони евра

Лука Модриќ и Иван Ракитиќ беа најзаслужни за историскиот успех на Хрватска на СП 2018, а постои шанса сега двајцата фудбалски генијалци да заиграат заедно и на клупски план. ПСЖ беше неочекувано тивок во овој преоден рок, но „светците“ би можеле да детонираат нова „бомба“ доколку се реализираат најавите за ангажман на двајцата Хрвати на „Паркот на принцовите“.

Атомското трио Кавани – Нејмар – Мбапе ќе остане и за новата сезона, а планот на амбициозните газди на ПСЖ е сега средниот ред да се засили со две мегаѕвезди од калиброт на Модриќ и на Ракитиќ.

Реал Мадрид и Барселона не сакаат да продадат, но францускиот шампион има подготвено по 100 милиони евра и за двајцата играчи, доволна причина за да се почнат сериозни разговори на оваа тема. Во преговорите за Ракитиќ во понудата би можел да биде вклучен и Анхел ди Марија, играч што му е добар пријател на Лионел Меси од аргентинската репрезентација.

Се вчитува...