Потврдена „бомбата“ од Париз: Зидан од утре и официјално нов тренер на ПСЖ!

Екс-тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан утре и официјално ќе стане нов тренер на францускиот шампион ПСЖ, откако веќе со денови траат преговорите меѓу двете страни.

Ваквата вест за јавноста ја пренесува угледниот „Мундо Депортиво“. Во преговорите бил вклучен и претседателот на Франција, Емануел Макрон, кој би сакал да го види Зидан на клупата на парижаните.

Иако малкумина веруваа дека Зизу ќе стане тренер на ПСЖ, зашто негова желба беше да го замени Дидие Дешамп на клупата на Франција, сепак понудата на парижаните не можела да биде одбиена.

 

Се вчитува...