Нова добра партија на Јакимовски во победата на Вашингтон стејт

Македонскиот кошаркар Андреј Јакимовски продолжува со одличните партии во НЦАА лигата во победата на неговиот Вашингтон стејт на гостински терен против Колорадо од 78-69.

Нашиот кошаркар помина 37 минути на теренот во кои беше еден од најдобрите поединци на својот тим. Натпреварот го заврши со 11 поени, а собра уште и девет скока, надополнети со четири асистенции.

Со овој триумф Вашингтон се израмни со лидерот во нивната Дивизија Аризона со по 15 победи.

Се вчитува...