Нова драма на Ел Класико: ВАР вторпат ја спаси Барселона на „Сантијаго Бернабе“ (ВИДЕО)

Пенал за Реал Мадрид кој беше поништен, а потоа и погодок за „кралевите“ кој исто така беше поништен по интервенција на ВАР. Сево ова го видоа љубителите на фудбалот на првото Ел Класико за оваа сезона, во кое Барселона одново се спасува.

Откако во третата минута беше досуден пенал, по асистенција на ВАР собата, судијата Сото Градо го поништи, и досуди контра фаул во корист на Барселона.

Во 12. минута Мбапе постигна прекрасен гол од 25 метри со волеј удар. Шчесни беше совладан, почна големата радост на Сантијаго Бернабе, а потоа шок. Мбапе за милиметри беше во офсајд, па по вторпат Барселона се спаси на ова дерби.

Се вчитува...