Нова ера во ПСЖ: Мбапе, Нејмар и Верати во „аут“ пред почетокот на сезоната

ПСЖ денеска од 21 часот против Лориен ја започнува одбраната на титулата во француското првенство, натпревар кој воедно ќе назначи и нова ера во главниот град на Франција од каде ова лето замина Лео Меси, а наскоро се очекува и заминување на преостанатите два фудбалери од „големото трио“.

ПСЖ во составот за првиот официјален натпревар нема да ги има Килијан Мбаше и Нејмар, а нема да настапи и долгогодишниот член на тимот Марко Верати, пренесуваат француските медиуми.

Мбапе веќе подолго време е надвор од составот по големата трансфер сага во кој 24-годишникот одбива трансфер и продолжување на соработката по крајот на сезоната, а Нејмар кој настапи на пријателските натпревари во пресрет новата сезона бара заедничко решение со клуб за промена на средината. Ист е и случајот со Марко Верати кој изрази желба за премин во Саудиска Арабија.

На оваа тема вчера говореше и новиот тренер на „светците“, Луис Енрике кој наговести почеток на нова ера.

„Потезите кои ќе ги превземам говорат за моите одлуки“, изјави Енрике.

Се вчитува...