Нова европска победа на Кире Лазаров

Кире Лазаров и Нант во третото коло од Лигата н Европа стигнаа до својата втора победа, откако на домаашен терен го совладаа данскиот претставник ГОГ со резултат 27-24. Со овој триумф францускиот тим експресно се рехабилитираше од домашниот пораз од Лемго, што Лазаров и соиграчите го претрпеа пред репрезентативната пауза.

Како пресудно се покажа извонредното дефанзивно прво полувреме на Нант, во кое данските ракометари постигнаа само осум гола, најмал број на реализирани погодоци на ГОГ во едно полувреме во последните две години. Нант замина на одмор со водство од 11-8, позитива од „плус три“ што избраниците на Ентрериос ја задржаа до самиот крај на мечот.

Кире Лазаров го заврши натпреварот со четири гола од девет обиди, а најефикасен во таборот на Нант беше Мин со шест погодоци.

Се вчитува...