Нова холандска доминација во брзо лизгање на ЗОИ во Пекинг

Холанѓаните повторно ги освоија најсјајните одличја во брзо лизгање на Зимските олимписки игри во Пекинг. Еден два победа за „лалињата“ донесоа Кјелд Нуис и Томас Крол кои ги освоија златниот и сребрениот медал на трката на 1500 метри.

Нуис ја одбрани титулата од пред четири години во истата дисциплина со време од 1:43.21 што е нов олимписки рекорд на оваа делница. Сребрениот Крол заостануваше зад својот сонародник 34 стоти делови од секундата.

Со бронзениот медал се закити Кореецот Минсеок Ким кој доцнеше 1.03 секунда зад победничкото време.

Се вчитува...