Нова „jуго-пресметка“ за аналите меѓу Дончиќ и Јокиќ (ВИДЕО)

Лука Дончиќ и Никола Јокиќ ни приредија нова неверојатна партија во НБА лигата, откако двата аса одиграа одличен меч во победата на Далас над Денвер од 106-116. Дончиќ натпреварот го заврши со 21 поен, надополнет со 12 асистенции, додека најефикасен кај Мавс беше Кристапс Порзингис со 25 поени.

Никола Јокиќ повторно беше блиску до трипл-дабл, откако заврши со 26 поени, 11 асистенции и осум скока.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда, Оклахома – Њујорк 97-119, Бруклин – Детроит 100-95, Шарлот  – Торонто 114-104, Вашингтон – Милвоки 119-125, Атланта – Сакраменто 121-106, Минесота – Портланд 121-125 и Феникс – Индијана 111-122.

Се вчитува...