Нова љубовна драма во Париз: Икарди и Ванда во жестока расправа среде паркинг

Мауро Икарди, напаѓачот на Пари Сен Жермен, во последните месеци помина низ бројни брачни проблеми со сопругата Ванда, па дури се шпекулираше и за развод. Од октомври тие речиси континуирано се на насловните страници на медиумите ширум светот, бидејќи таа изјави дека нивниот брак е завршен и го обвини за неверство.

Поради ваквиот развој на настаните, дури и ПСЖ реши да му даде неколку дена одмор на напаѓачот со цел да си ги реши брачните проблеми.

„Екип“ пишува дека дошло до уште една жестока расправија на паркингот на тренинг центарот на „Светците“.

„Љубовната криза нема граници, а овој пат Икарди приреди нова кавга со Ванда во автомобил паркиран во тренинг центарот. Парот го донесе синот на тренинг, а потоа настана расправијата. Сите гледаа во нив. Икарди предизвика нови немири кај соиграчите. Не се знае што се случи, но оваа љубовна двојка го дрма целиот клуб, доста е … “, се вели во текстот на францускиот весник.

Се вчитува...