Нова „магија“ на Димитријевиќ, „десетка“ во новиот триумф на Хувентуд

Ненад Димитријевиќ и Хувентуд одиграа уште еден одличен натпревар во Ендеса-лигата, триумфирајќи над Билбао со 88-81 за четврти триумф во шпанскиот шампионат.

Македонскиот репрезентативец повторно беше најдобар кога беше најважно, постигнувајќи осум поени во последната четвртина. Севкупно, тој го заврши мечот со 10 поени, надополнети со два скока и две асистенции за 17 минути на теренот.

Се вчитува...