Нова мајсторија на Федерер – Го залепи топчето за рекетот (ВИДЕО)

Роџер Федерер сезонава се враќа на Ролан Гарос по две години пауза, а публиката почна да ја воодушевува уште на тренинзите. Швајцарецот е познат по својата тениска виртуозност, а на еден од тренинзите буквално го залепи топчето за рекетот.

Федерер го освои Ролан Гарос во 2009 година, што е единствен трофеј во Париз од вкупно дваесетте Грен слеми кои ги има освојувано во кариерата. Вториот грен-слем во сезоната почнува на 26. мај, а популарниот Федекс ќе биде рангиран како трет носител.

 

Се вчитува...