Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев го постигна и петтиот гол сезонава во дресот на Џенова.
Во натпреварот од 20. коло во Серија А, Џенова има негатива од 1-2 против Рома по првото полувреме, но благодарение само на Пандев остана со надеж за позитивен резултат.
Откако „волчицата“ дојде до предност од 0-2, Горан Пандев луцидно погоди во 45. минута, лобувајќи го противничкиот голман, за 1-2 и каква-таква надеж на џеновјаните до крајот на натпреварот…
Голот на гранде #Pandev за Џенова против Рома за 1:2 pic.twitter.com/is09SF8O1a
— Footbla (@FootblaDigital) January 19, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА