Нова „мајсторија“ на Ловрен: „Дух“ го сопна Хрватот на „Енфилд“ (видео)

Ливерпул реди победи во Премиер-лигата, но навивачите на „црвените“ остануваат едногласни дека Дејан Ловрен се уште е најслаба алка во тимот на Јирген Клоп. А и самиот Хрват не помага премногу за промена на овој став, откако на секој натпревар има „потег за паметење“ што ривалите неретко знаат да го искористат.

Ловрен беше во елемент и на вчерашниот меч со Кардиф, кога трчајќи назад од противничкиот шеснаесетник се испружи на тревата. Можеби сакаше да изглуми пенал, ама ја утна страната, или пак беше сопнат од „дух“ на „Енфилд роуд“.

Како и да е, сеир на Хрватот меѓу првите му фати Џејмс Милнер, кој го постираше видеото од смешната случка со порака: Нови четири гола на „Енфилд“… и нова мајсторија на Дејан.

Се вчитува...