Фудбалерите на Челси се оддалечија од место во Лигата на шампионите, откако вечерва загубија од Брајтон со убедливи 3-0, и така сега се престигнати од овој тим на табелата. Челси има мизерна серија од пет натпревари со пет порази во Премиерлигата, што значеше дека овој тим сега е далеку од ТОП 5 екипи во англиското првенство.
Дека работата не оди на добро се покажа уште на стартот на мечот кога Кадиоглу уште во 3. минута од мечот успеа да го донесе Брајтон до предност. Брајтон имаше уште една добра шанса по првиот дел, но не ја материјализираше.
Челси не направи ниту една шанса, а во 56. минута Хиншелвуд носи 2-0 за домашниот тим. Упати одличен шут од работ на шеснаесетникот кој заврши во мрежата на гостите.
Дани Велбек во првата минута од судиското надополнување успеа да ги постави конечните 3-0 за Брајтон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
