Нова „МВП“-партија на Јокиќ, Феникс го „реши“ шампионот (ВИДЕО)

Никола Јокиќ одигра нов неверојатен натпревар во НБА лигата, откако беше неверојатен во гостинската победа на неговиот Денвер Нагетс против Милвоки Бакс од 97-128. Србинот забележа нов трипл-дабл учинок од 37 поени, надополнети со 11 асистенции и 10 скока. Кај поразените Јанис Адетокумбо заврши со 27 поени.

Феникс Санс го доби шампионот ЛА Лејкерс во „Стејплс центарот“ со 104-114. „Икс-фактор“ на мечот беше Дарио Шариќ кој заврши со 21 поен, додека кај поразените недоволни беа и 38 поени на Леброн Џејмс.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда, Вашингтон – Мемфис 111-125, Бостон – ЛА Клиперс 117-112, Мајами – Атланта 80-94 и Сан Антонио – Њујорк 119-93.

Се вчитува...