Нова НБА сезона дури следната година?

Новата сезона во НБА лигата би можела да почне дури следната година тврди еден од најдобрите познавачи на состојбите, новинариот на ЕСПН, Адријан Војнаровски. Главната причина за одложувањето на стартот на сезоната кој засега е предвиден за 1. декември би било очекувањето на можноста, дуелите да бидат играни во присуство на публика. Неофицијално, еден од можните нови термини би бил 18.јануари, Денот на Мартин Лутер Кинг кога во лигата традиционално се играат мечевите во чест на големиот борец за еднаквост и за човекови права.

Сепак има и поинакви сценарија според кои сите надежи се во пронаоѓање на вакцина, но НБА ги подготвува тимовите дека масовната дистрибуција на вакцината би бил дури следната година, па затоа како потенцијални термини за почеток на новата сезона се споменуваат дури и февруари и март 2021.

НБА во моментов е на позиција за почеток на сезоната во декември и разгледува две опции за новиот шампионат, играње на наутрални терени или во тренинг центрите. Се бара најдоброто решение за да може да има комплетна сезона со 82 натпревари, но и да има доволно време играчите да се подгтоват за настапот на Олимписките игри во Токио предвидени за следното лето.

 

 

 

Се вчитува...