Нова неволја за Ангеловски: Барди го повреди мускулот, ќе паузира три седмици

Македонската фудбалска репрезентација најверојатно ќе мора да и се спротистави на Словенија без Енис Барди, кој заработи повреда на задната ложа на денешниот тренинг на Леванте. Првите проценки се дека тој ќе паузира три седмици и нема да биде подготвен за настап на 10 октомври, следниот квалификациски меч на македонскиот национален тим против „дежелата“ во Скопје. Потоа Македонија ја очекува и гостување против Полска во Варшава.

Барди остана на клупата за резерви во тимот на Леванте на натпреварот против Еибар (0-0) во Ла Лига, а денеска почувствувал силна болка во мускулот на утринскиот тренинг.

Ова е дополнителна главоболка за селекторот Игор Ангеловски во пресрет на дуелот со Словенците. Ќе го нема на располагање и дефанзивецот Дарко Велковски, а можно е сепак да биде „фит“ Стефан Ристовски.

Се вчитува...