Нова „нула“ на Будуќност, и Жалгирис славеше во „Морача“

Црногорскиот Будуќност и натаму не знае за победа во Евролигата оваа сезона. Во шестото коло црногорскиот тим загуби во Подгорица од Жалгирис со 60-72.

Откако првиот дел мина резултатски сосема израмнето, Жалгирис одигра одлична трета четвртина која пресуди околу конечниот победник на мечот. Литванците третиот период го добија со 15-24, па потоа на крајот само рутински ја одржуваа предноста за конечна победа.

Преводник во триумфот на Жалгирис беше Американецот Брендон Дејвис со 20 поени и 5 скока. Кај домашните единствено се издвои Ален Омиќ со 16 поени и шест скока.

Будуќност и по ова коло е закован на дното од Евролигата, додека Жалгирис сега има три победи наспроти исто толку порази.

Се вчитува...