Нова победа на Митрашиновиќ и Будуќност над Партизан

Анџелика Митрашиновиќ и Будуќност во два дена забележаа две убедливи победи над Партизан во женската конкуренција на АБА лигaта. По вчерашната победа од 82-57, сега црногорскиот состав славеше со 64-97.

Капитенката на македонската репрезентација на овој натпревар помина нешто повеќе од 18 минути на паркетот во кои забележа седум поени, надополнети со пет асистенции, две украдени топки и еден офанзивен скок.

Како потсетување, Македонката во првиот натпревар помеѓу овие две екипи постигна 14 поени, четири скока, три асистенции и една украдена топка.

Црногорскиот состав првиот дел од сезоната го заврши на првото место на табелата со скор од седум победи и еден пораз.

Се вчитува...