Нова победа на Монако во Франција

Монако ја продолжи потерата место кое води во Лигата на Шампиони следната сезона откако во 24. коло од француското првенство славеше со 1-2 на гостувањето кај Брест. До победа „црвено-белите“ ги предводеа Головин и Боаду кои стрелаа во 39. и 73. минута, а поразот го ублажи Ле Дуарон во 86. минута.

Со новите три бода Монако го престигна Марсеј на втората позиција на табелата и ќе остане тука до вечерниот натпревар помеѓу Тулуз и Марсеј.

Во 24. коло на победи се радуваа и Лориен кој славеше со 3-0 против АС Ајасио и Рен кој со 2-0 беше подобар од Клермон, додека Монтпелје стигна до три бода на гостувањето кај Тројес со гол во 90. минута за победа од 0-1.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...