Нова победа на Рајковиќ и ЦСКА Москва во ВТБ лигата

Најдобриот македонски кошаркарски тренер Емил Рајковиќ и неговата ЦСКА Москва стигнаа до нова победа во руската ВТБ лига откако денеска славеа на гостувањето кај Нижни Новгород со 72-74.

Домашниот тим одигра одлично прво полувреме во кое на феноменален начин му се спротистави на големиот фаворит, па по 20 минути игра домаќините имаа предност од шест поени 42-36.

Во вториот дел избраниците на Рајковиќ заиграа далеку подобро, посебно во фазата на одбрана, па до крајот успеаја да стигнат до целосен пресврт и конечен триумф од 72-74. Aнтон Астапкович со 18 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Алекса Новаковиќ постигна 24 поени.

Се вчитува...