Нова победа за Ѓорческа, вредна за пласман во полуфинале на Визбаден!

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, се најде меѓу четирите најдобри на турнирот во Визбаден, откако денеска ја доби четвртфиналната пресметка против осмата носителка Федерика Ди Сара, која го предаде мечот во вториот сет.

Лина ја имаше доминациајта во текот на целиот натпревар и со сигурност ќе дојдеше до нов триумф дури и ако противничката не се откажеше предвреме, со оглед на лесното освојување на првиот сет (6-1) и направениот брејк во вториот за 2-0, кога Италијанката реши да го покаже „белото знаменце“.

Ѓорческа својот противник за пласман во финале ќе го чека од подобриот од денешниот последен четвртфинален дуел помеѓу првата носителка, Клара Бурел (Франција) и Романката Клара Игнатик.

Се вчитува...