Нова победа за Јакимовски и Вашингтон во НЦАА лигата

Еден од најдобрите македонски кошаркари, Андреј Јакимовски повторно имаше солидна партија во редовите на колеџ тимот на Вашингтон кугарс во победата над Истер Вашингтон од 82-72.

Тој средбата ја заврши со 11 поени и покрај тоа што немаше шутерски ден, односно што погоди само три од 12 упатени удари кон противничкиот кош (2/9 за тројка). Тој во 36 минути поминати во игра запиша и шест скока и две асистенции.

За Вашингтон стејт ова беше петта победа во шестиот дуел од новата сезона.

Се вчитува...