Нова пол-позиција за Хамилтон, нов кошмар за Фетел

Луис Хамилтон е чекор поблиу до освојување на шампионската титула откако возачот на Мерцедес доминираше и на денешните квалификации за пол-позицијата за јапонското гран-при. Во прилог на Хамилтон оди и новиот „кикс“ на Себастијан Фетел, кој по своето ново слабо издание стигна само до деветтата стартна позиција.

Фетел излезе на патеката на половина од последниот квалификациски циклус, но загуби контрола над болидот и излета. Кога се врати пред самиот крај на квалификациите на патеката веќе врнеше дожд, што влијаеше врз неговото време, па тој утрешната трка ќе ја почне само од осмото место.

Веднаш зад Хамилтон ќе се најде неговиот тимски колега Валтери Ботас, третопласиран на стартот на јапонското гран-при ќе биде Ферстапен, пред Раиконен, Грожан, Хартли, Гасли, Окон, Фетел и Перез.

Се вчитува...