Баерн Минхен рутински славеше на мечот со Фортуна Дизелдорф (5-0), но овој натпревар се покажа кобен за Лукас Хернандез, кој заработи незгодна повреда во првото полувреме и мораше да биде заменет на паузата. Одличниот дефанзивец пристигна како големо засилување во трансфер вреден 80 милиони евра од Атлетико Мадрид, но честите повреди не му дозволија да ги покаже своите квалитети.
Тој доби шанса во стартниот тим на меч на кој Баерн важеше за апсолутен фаворит, но по последната повреда јасно е дека повторно му следи пауза од терените.
„Хернандез се пожали на болка во мускулот. Веќе водевме со 3-0 и немаше потреба од ризик, затоа веднаш го повлеков од игра“, истакна тренерот Флик по натпреварот.
Германските медиуми најавуваат дека Манчестер Сити го бара овој дефанзивец во директна размена за Лирој Сане, oткако Пеп Гвардиола го побарал францускиот дефанзивец како идеално засилување за одбраната на „граѓаните“ за наредната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА