Нова повреда за Дарко Велковски, повторно надвор од првиот тим на Ријека

Нова повреда за македонскиот репрезентативец Дарко Велковски, кој откако изминатиов период најде стандардно место во првиот тим на Ријека, сега повторно е надвор од терените.

Како што информираат од хрватскиот прволигаш, Велковски го пропушти вчерашниот натпревар на Ријека против Горица на кој тимот од „Кантрида“ загуби со 1-0, поради нова повреда. Од стручниот штаб очекуваат дополнителни анализи околу тежината на повредата по што ќе биде позната и должината на евентуалната нова пауза.

Велковски изминатата есен долго се мачеше со повредите за да пролетва конечно во континуитет заигра и за Ријека и во дресот на македонската репрезентација на стартот од квалификациите за ЕП 2020.

Се вчитува...