Нова пресметка за аналите: Ѓоковиќ фаворит, Федерер тврди дека „не е готов“!

Уште една пресметка за аналите. Новак Ѓоковиќ против Роџер Федерер по 48-ми пат во меѓусебен дуел, денеска од 15 часот за трофејот на Вимблдон.

„Ова е како на училиште. Па нема на денот на тестот да учите. Подготовките се завршени. Така да нема некаква посебна подготовка за финалето и за двајцата. Добро се познаваме и ни останува само да уживаме во финалето“ – вели Роџер Федерер кого го очекува 31-то Грандслем финале и 12-то вимблдонско.

Федерер е најстариот финалист на Вимблдон, а повеќе грандслем финалиња во историјата на тенисот од него имаат само три жени, Крис Еверт (34), Серена Вилијамс (32) и Мартина Навратилова (32).

„Сите тие бројки доволно зборуваат за Роџер. Чест е за мене што може да играм против еден таков тенисер, без сомнение еден од најдобрите во историјата“ – вели Новак Ѓоковиќ.

Србинот во меѓусебните дуели води со 25-22 во победи, на трева е 2-1 а на Грандслем турнирите Ѓоковиќ води со 9-6.

„Новак е шест години помлад, а мене годините ме притискаат. Секако Ѓоковиќ е фаворит, но не се предавам се уште не сум готов“ – вели Федерер.

Се вчитува...