Нова промена на летот: „Вардарци“ ќе слетаат во 20:30 часот

Нова промена на летот на вардаровите ракометари од Келн до Скопје. Поради административни проблеми, средување техничка документација на аеродромот во Келн, „вардарци“ во Скопје место во првично најавениот термин од 18:50 часот ќе слетаат во 20:30 часот по што потоа ќе следи прославата на плоштадот Македонија.

„Почитувани, заради административни причини (пасоши, документи и сл) авионот од Келн ќе полета во 18.00 часот. Слетувањето во Скопје е најавено во 20.30 часот. Останатото останува исто. Се гледаме на централниот градски плоштад Македонија на достоинствен пречек на нашите шампиони !!! Напред Вардар!!!“ – информираше градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на Фејсбук.

Град Скопје плати 39.500 евра за ракометарите да се вратат со чартер-лет, притоа дополнително издвојувајќи и два милиони денари за вечерашната прослава во центарот на Скопје. Издвоени се и шест милиони денари од буџетот на Град Скопје како награда за ракометарите.

Се вчитува...