Нова промена на странци во ТФТ – Моринг „аут“, Ленард „ин“ (ВИДЕО)

Сензацијата на претходната сезона – ТФТ се соочува со невообичајни проблеми во „оф-сезоната“. Имено, откако Брендан Бејли беше заменет со Тавон Бродвеј Џуниор, сличен потег сега е направен и со Јован Моринг на чие место ќе пристигне Еван Ленард.

Моринг беше најавуван како големо засилување на клубот од Тафталиџе, меѓутоа плејмејкерот поради недоволна физичка подготовка ќе биде заменет со играч од сличен профил. 24-годишниот Ленард колеџ карирата ја помина во Универзитетот Ирвајн каде во последната сезона бележеше просек од 12.5 поени, 3.4 скока и 2.1 асистенција по натпревар.

ТФТ сепак ќе има време за адекватна подготовка за сезоната која претстои во која покрај БИБЛ лигата избраниците на Боро Смилковски ќе бараат излез и во Евокупот на ФИБА. Тамошните противници ќе бидат дознаени овој месец.

Се вчитува...