Нова ракометна магија на Микел Хансен (видео)

Кога времето истекува, а резултатот е израмнет, дајте му ја топката на Микел Хансен, тој ќе знае што да прави со неа. Данецот постигна уште еден гол за паметење на синоќешното полуфинале од Лига-купот на Франција против Сан Рафаел, откако резултатот беше израмнет на 31-31, а ПСЖ на четири секунди до крајот тргна од центарот.

Рецептот е јасен, топката стигна до Хансен, а на Данецот не му пречеше да скокне од околу 13 метри за да го совлада противничкиот голман.

Погледнете ја најновата ракометна мајсторија на еден од најголемите асови на овој спорт.

Се вчитува...